Фудбал
Шефилд Јунајтед постави негативен рекорд во Премиер лигата
20.04.2024 21:04
Ја проби границата од 50 примени гола на својот стадион оваа сезона (стигна до вкупно 51) со што стана првиот тим во историјата на Премиер лигата, сметано од 1992 година...

Екипата на Шефилд Јунајтед на домашен терен, загуби од Барнли со 1-4 и остана на само 16 бода оваа сезона.
Меѓу другото, ја проби границата од 50 примени гола на својот стадион оваа сезона (стигна до вкупно 51) со што стана првиот тим во историјата на Премиер лигата, сметано од 1992 година, кој ја достигнал оваа бројка.
Таа може да биде уште поголема ако се знае дека до крајот на сезоната, Шефилд Јунајтед игра на домашен терен уште против Нотингем Форест и Тотнем.
Фото:/ ФБ Sheffield united