Фудбал – СП Бразил 2014

Нигерија и БиХ во жестока пресметка за трите бода

21.06.2014 15:03

Последниот натпревар во денешната програма нуди дуел на селекции кои ќе бараат поправен по стартните настапи. Нигерија освои само бод против Иран, а БиХ беше минимално поразена од фаворизираната Аргентина во своето Мундијалско деби во “Ф“ групата. Нерешениот резултат без голови за африканскиот шампион е неуспех, особено што во следните две кола ги очекуваат многу потешки ривали. Тоа беше најнеинтересниот меч на шампионатот досега, во кој азискиот претставник умешно ги затвори приодите кон својот гол, а упати само еден удар кон противничкиот.

Последниот натпревар во денешната програма нуди дуел на селекции кои ќе бараат поправен по стартните настапи. Нигерија освои само бод против Иран, а БиХ беше минимално поразена од фаворизираната Аргентина во своето Мундијалско деби во “Ф“ групата. Нерешениот резултат без голови за африканскиот шампион е неуспех, особено што во следните две кола ги очекуваат многу потешки ривали. Тоа беше најнеинтересниот меч на шампионатот досега, во кој азискиот претставник умешно ги затвори приодите кон својот гол, а упати само еден удар кон противничкиот. “Супер орлите“ само вторпат одиграа 0 : 0 во својот 15 натпревар на шампионатите, по 2002 година кога играа со Англија. Со просечна возраст од 23 години, тие се несомнено меѓу најперспективните селекции во светот. Комбинираниот состав од тимот кој триумфира на Светското првенство за фудбалери до 17 години во 2007 и оној кој беше вицешампион 2009 година располага со огромен потенцијал, но прашање е колку тоа ќе го демонстрираат против БиХ. Според најавите селекторот Стивен Кеши ќе почне со централниот дефанзивец Јобо, на местото на повредениот Обабона, а во нападот во опција се Одемвинге, Амеоби и Еменике, што ќе зависи од формацијата.

Четата на легендарниот Сафет Сушиќ имаше деби против претендентот за титулата Аргентина. Иако почна со автоголот на Колашинац по што Меси во вториот дел ја удвои предноста, Босанците се вратија преку Ибишевиќ, што сепак беше предоцна за пресврт. Заедно со Џеко тој веројатно ќе биде во стартниот состав, за кој е докрај отворено прашањето на капитенот Спахиќ, а поради повреда е неизвесен и Салиховиќ. Тоа ќе биде 800 меч во историјата на Светските првенства, а прв меѓусебен на овие селекции. Нигерија очајнички посакува победа, која на СП ја нема уште од 1998 година кога славеше над Бугарија. Оттогаш е во лоша серија од 9 натпревари без победа, во кои има само 3 нерешени резултати. Босанците немаат два врзани пораза уште од 2009 година, а ниту еднаш  во ерата на Сушиќ како селектор. По изданието против Аргентина кога имаа 16 удари кон голот и дури 6 повеќе од “гаучосите“ тие одново најавуваат офанзивна игра, предводени од тандемот Ибишевиќ и Џеко. Како што стојат работите, пред нас е уште една мундијалска ноќна пресметка исполнета со возбудувања.