Кошарка

МЗТ со победа над Гостивар

20.04.2024 21:15

Аеродромци водат со 2:0 во победи и вечерва иако на гостински терен, се очекува да стигнат до третиот триумф и со тоа да влезат во следната фаза од трката за освојување на трофејот...

МЗТ Скопје Аеродром на гостување во Гостивар во меч на кој се очекува фаворитот да го потврди местото во полуфиналето на плејофот. Аеродромци водат со 2:0 во победи и вечерва иако на гостински терен, се очекува да стигнат до третиот триумф и со тоа да влезат во следната фаза од трката за освојување на трофејот.

Овие две екипи сезонава одиграа вкупно пет средби и на сите пет победи МЗТ Скопје Аеродром, од кои на четири триумфите беа со 15+ разлика. Токму затоа и границата за „хендикеп двојка“ е на 11,5 поени.

Освен овој меч во плејофот, се играат и два дуели во плејаутот. Вардар е домаќин на Кожув, а ФМП Академија игра против Охрид.