Временска прогноза

Посвежо време со повремени врнежи од дожд

21.04.2024 08:52

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер...

Денеска ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Утринските температури се движат од минус 1 до 8, а највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 4 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Очекуваната температура ќе биде до 14 степени.