Украина
Зеленски се заблагодари на Претставничкиот дом за одобрениот пакет помош за Киев
21.04.2024 09:20
Помошта вклучува 60 милијарди долари за Украина против инвазијата на Русија...

Aмериканскиот претставнички дом го усвои пакетот од 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и другите сојузници, со што долгооспоруваниот закон од тврдокорните републиканци е на пат кон сенатот.
Помошта вклучува 60 милијарди долари за Украина против инвазијата на Русија, како и 26 милијарди долари за Израел и хуманитарна помош за цивилите во конфликтните зони, вклучително и Газа, и 8 милијарди долари за Индо-пацифичкиот регион.
Украинскиот претседател Зеленски се заблагодари на Претставничкиот дом за одобрениот пакет помош за Киев.
