МВР

МВР: 114 санкционирани возачи во Скопје

21.04.2024 10:23

На град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден  продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштенеито од МВР.