„Левица“ ја претстави својата програма пред битолчани
Не ми е криво што ми ги крадат идеите, тукушто немаат свои. Но ќе им дадеме шанса на соочувањето да ги елаборираат-на противкандидатите им порача претседателската кандидатка Билјана Ванковска од Битола. Лидерот на „Левица“, Апасиев потсети на македонската платформа. Обраќање имаше и носителката на листа во петтата изборна единица Јована Мојсовска…

На дуелот со моите противкандидати треба да дебатирам, дали сум про или антиевропска сила, не јас сум македонска сила, која целава приказна за ЕУ, сака да ја боцне како балон и да се види дека зад таа приказна нема бајка, рече кандидатката за претседател Билјана Ванковска.
Платформа која ги штити интересите на граѓаните
Нашата кандидатка и ние, немаме никакви допирни точки со јавачите на антимакедонизмот. Уште одамна им ја понудивме, нашата македонска платформа, која во пет точки ги штити интересите на граѓаните, посебно во време кога се предлагаат позначајни уставни промени, нагласи лидерот Апасиев.
Од град на конзули и некогашен познат економски стопански центар, Битола стана град со уништена текстилна индустрија, град во кој никнуваат казина и обложувалници, а младите се повеќе се иселуваат. Градот забрзано старее, истакна носителката на листа во 5 ИЕ Јована Мојсока.
Од митингот во Битола, упатија порака дека се среќни, што овој град им дал најголем поддршка кога се собирале потписите за кандидат за претседател и дека тој тренд ќе се преслика и во следните изборни процеси.
Александра Максимовска
