Во Косово се гласа за смена на градоначалници во четири општини
Референдумот се одржува откако на минатогодишните избори, српското малцинство го бојкотираше процесот и не и призна избраните градоначалници-етнички Албанци.

Жителите на четири општини во Косово, Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, со мнозинско српско население гласаат на референдум за смена на градоначалниците.
Референдумот се одржува откако на минатогодишните избори, српското малцинство го бојкотираше процесот и не и призна избраните градоначалници-етнички Албанци.
Српска листа повика на бојкот. Гласањето е обид да се смират тензиите меѓу Косово и соседна Србија, додека двете земји се борат за влез во Европската унија.
„Мислам дека е очигледно оти овој референдум ќе пропадне бидејќи мнозинството од српската заедница нема да учествува на него и тоа само ќе значи дека блокадата ќе продолжи и ќе треба многу политичка енергија и фокус. Нема волја за промена на подобро, како од косовската влада, така и од српското малцинство и од Белград бидејќи сите страни се држат до своите идеи и имаат многу малку простор за компромис, што е апсолутно неопходно во оваа ситуација“, изјави Артан Мухаџири, политички аналитичар.
