Вилијамс ја освојува Австрија
Конечно нешто ново, за промена, за преземање на доминацијата на Мерцедес. Фелипе Маса и Валтери Ботас – двоецот на Вилијамс ќе стартува од првиот ред на утрешната трка за големата награда на Австрија-осма во сезоната.
Одличните перфоманси на Ред Бул ринг, патеката која по 11 сезони одново се врати во Ф1 календарот, возачите на Вилијамс ги најавија уште на слободните тренинзи. Саботните 1-3 претпладневни времиња на слободниот тренинг ги претвотија во 1-2 позиции на стартот.

Прв пат по 2008-та , вкупно 16-ти пат во кариерата Маса ќе биде на пол, додека 4-ти пат Ботас ќе биде во првиот ред на стартот што е најава за возбудлива трка.Од вториот ред ќе стартуваат Нико Росберг и Фернандо Алонсо кој и натаму го вади максимумот од перфомансите на Ферари, а во третиот ред ќе бидат Рикардо и Магнусен. Меѓу првите 10 на стартот се и Квјат, Раиконен, Хамилтон и Хулкенберг, а разочарување одново е пласманот на Фетел кој трката ќе ја почне од 12-тото мести и тоа благодарение на казната на Перез од 5 места, па од 11-тото место возачот на Форс Индија ќе стартува од 16-тото.
Иако Хамилтон и Росберг се менуваа според најбрзите времиња во првите два дела од квалификациите , во завршната сесија Ботас постави одлично време, на Хамилтон му беше поништен претпоследниот брз круг поради напуштање на патеката со сите 4 тркала во 8-от свиок, а потоа и се изврте во последниот обид, додека Росберг успеа да се избори за 3-то време со 2 десетинки зад најдоброто остварување на Маса во последниот круг.
Што ќе донесе утрешната трка следете на првиот програмски сервис на МРТ од 14 часот.