Јапонија

Два воени хеликоптера во Јапонија паднаа во морето

21.04.2024 11:11

Хеликоптерите синоќа изведоа вежби за борба против подморница во близина на јужниот брег на централна Јапонија...

Два хеликоптера на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето за време на вежба. Според властите, најмалку едно лице загина од осумтемина членови на екипажот.

Хеликоптерите синоќа изведоа вежби за борба против подморница во близина на јужниот брег на централна Јапонија. Јапонскиот министер за одбрана рече дека двата хеликоптери најверојатно се судриле.