САД
Масовното пукање на забава во Мемфис
21.04.2024 11:15
Според властите, пукањето се случило на забава за која немало дозвола. Присуствувале помеѓу 200 и 300 луѓе...

Во масовното пукање на забава во Мемфис, Тенеси, загинаа две лица, а шестмина беа ранети, соопшти полицијата.
Началникот на полицијата изјави дека работат на лоцирање на осомничените кои го извршиле пукањето и дека е познат идентитетот на најмалку две лица. Според властите, пукањето се случило на забава за која немало дозвола.
Присуствувале помеѓу 200 и 300 луѓе. Инцидентот е под истрага.
