Николоски на средби во Светска банка
Потврда за поддршка на реформите денеска беше изразена и на средбите на заменик-министерот за финансии Филип Николоски во Светска банка со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат и директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју...

РС Македонија е посветена и останува цврсто на определбата за спроведување на структурните реформи. Реформите се дефинирани заедно со меѓународните партнери и значајна поддршка во нивната имплементација е потврдена од Светската банка преку новата четиригодишна Рамка за партнерство со кредитно портфолио од близу 700 милиони американски долари. Потврда за поддршка на реформите денеска беше изразена и на средбите на заменик-министерот за финансии Филип Николоски во Светска банка со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат и директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју.
Тој додаде дека веќе е одобрена првата група на договори за заеми од новата рамка, односно се обезбедени 93,8 милиони евра за развојни политики, 27,5 милиони евра за унапредување на социјални услуги, како и 31 милион евра за надградба и развој на патишта.
На средбата беше изразена благодарност до Светска банка за поддршката што ја дава во континуитет на земјата, а стана збор и за нови можности за продлабочување на таа соработката. Веќе се отпочнати активности за нови проекти за одржлив развој на општините и олеснување на трговијата и транспортот, а ќе се разгледуваат и можностите за проекти во областа на енергетската транзиција и преминување кон извори на чиста енергија и зелен раст, како одговор на климатските промени.
Средбите се одржаа во рамки на учеството на заменик-министерот за финансии Филип Николоски на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. Покрај средбите со високи претставници на ММФ, тој оствари средби и со заменик на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор Лук Дресе, како и директорот на ММФ за Европа Алфред Камер. Заменик-министерот за финансии учествуваше и на состанокот на Холандско-белгиската конституенца, каде припаѓа РС Македонија. Пролетните средби на ММФ и СБ се редовни средби, а годинава се одржаа во период од 15 до 20 април, на кои учествуваше покрај заменик-министерот Николоски, учествуваше и гувернерката на Народната банка на РС Македонија Анита Ангеловска-Бежоска.
