Избори 2024

Од Битола започна дистрибуцијата на гласачките ливчиња

21.04.2024 11:37

Според утврдените протоколи во присуство на членовите на ДИК и под силно полициски обезбедување изутрината од битолската печатница „Киро Дандаро„ тргна дистрибуцијата на доверливиот избирачки материјал до сите општински изборни комисии.

На три дена до првиот круг од претседателските избори изутрината започна дистрибуцијата на доверливиот избирачки материјал до општинските изборни комисии.

Од печатницата велат дека процесот на изработка на доверливиот избирачки материјал бил под моторинг на ДИК и ОБСЕ и се вградени сите заштитни мерки на гласачкото ливче.

За побрза дистрибуцијата и распоред на гласачките ливчиња од Државната комисија се составени 17 екипи. Потоа останува уште најважната активност предавање на доверливиот изборен материјал до избирачките одбори, вели претседателот на ДИК.

Даштевски, вели дека изборниот материјал веќе е испратен и до гласачките места во дијаспората. Во текот на вчерашниот ден по обуките биле комплетирани општинските комисии и избирачките одбори.

 

Стевче Митревски