Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Делчево
Коалицијата за „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Делчево. Пред граѓаните ја претставија програмата на кандидатот за претседател на Македонија, како и нивната програма за парламентарните избори.

Кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата пред граѓаните на Делчево, се обрати кон ромската заедница, истакна дека помалите заедници треба да уживаат посебна заштита и дека бинационалната држава не нуди решение. Силјановска Давкова порача да се стави крај на злоупотребата на институциите од страна на актуелната власт.
Повикот за македонско национално обединување не е израз на немоќ на партијата, туку патриотска должност. Единството е супстрат на идеологијата на ВМРО ДПМНЕ, порача лидерот Мицкоски од Делчево.
Грдата реалност може да се промени
Овие избори се шанса за Македонија, грдата реалност може да се промени, истакна носителот на листата за претеници.
Инфраструктурните проекти за крајниот исток предвидуваат изградба на експресен пат од Кочани до Делчево преку Калиманско поле, реконструкција на патиштата до Пехчево, Берово и Македонска Каменица и изградба на пречистителна станица за отпадни води.
Славица Величковска
