Блиски Исток

Ескалација на тензиите на Блискиот Исток

21.04.2024 12:10

Војната на Израел против Хамас доведе до драматична ескалација на тензиите на Блискиот Исток. Иранските власти демантираат дека договориле испорака на нови руски борбени авиони „СУ-35“.антивладини протести во Тел Авив. Демонстрантите бараат ослободување на заложниците и нови избори.

Во Тел Авив илјадници демонстранти излегоа на улиците против владата на премиерот Нетанјаху. Бараат договор за ослободување на заложниците кои се држат во Газа. Од антивладините протести одново повик за нови избори и критики за начинот на кој земјата се справи со војната против Хамас. Израелските власти претходно изјавија дека во моментов избори само би донеле штета.

„Полицијата брутално спречи некои луѓе да се приклучат на протестот. Ова не е легитимна влада и ни требаат избори веднаш“, изјави демонстрантка.

„Мислам дека владата потфрли во последната година и не доведе навистина на најниското ниво“, изјави Ури Ашеој, професор.

Зголемени тензии

Светот стравува дека војната во Појасот Газа и насилството меѓу Израел и Иран може да ескалира во целосна војна. Иранските власти демантираат дека договориле испорака на нови руски борбени авиони „Су-35“. Тензиите се зголемени и на окупираниот Западен Брег по рациите од израелската армија. Тел Авив објави дека ликвидирале милитантни на Исламски Џихад, додека од палестинска страна тврдат оти се убиени цивили и возач на амбулантно возило. Службите за итни случаи во Газа открија масовна гробница во медицинскиот комплекс Насер во градот Кан Јунис.

„Ова не е прво таргетирање на амбулантно возило. Ова е петти напад со огнено оружје. Ги известуваме сите меѓународни и хуманитарни тела дека на терен не се применува Законот за заштита на болничарите и медицинските тимови“, рече болничар.

Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, ги повика земјите од Блискиот Исток и Европа да ја запрат потенцијалната израелска копнена офанзива во Рафах. По средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека би сакал да ги види Египет, Катар, ООН, Русија, Турција и во иднина САД меѓу безбедносните гаранти на Појасот Газа, но дека Израел е против тоа.

 

Маријана Димовска