Македонија

Зголемен број повици во итната медицинска помош

21.04.2024 12:30

Променливото време ги зголеми повиците во итната медицинска помош. Лекарите со најмногу интервенции кај хронично болните. Од УХМР, велат дождот ќе продолжи до крајот на денот, позасилени врнежи се очекуваат од вторник.

Наглата временска промена најмногу влијае на варијациите на крвниот притисок, но и на астматичарите, кај заболените од ревматоидните болести, но и на расположението кај здравите луѓе вели доктор Рифад Реџепи од Итната медицинска помош.

Врнежите од дожд се очекува да престанат кон крајот на денот. На планините е формирана снежна покривка. Од утре се очекува разведрување и стабилизирање на временските услови. Во јужните делови од земјата температурата ќе достигне до 20-тиот степен информираат од УХМР.

Променливото пролетно време ќе продолжи од вторник кога се очекуваат уште пообилни врнежи од дожд. Во среда ќе има слаби и локални врнежи велат од УХМР.

 

 

Александра Велинова