Фудбал – СП Бразил 2014

Германија-Гана

21.06.2014 16:09

Последен пат играа на светското првенство во Јужна Африка. На „Р,тот на добра надеж“ фудбалерите на Германија и Гана допатуваа со убавите желби дека  Јоханезбург нема да биде крајот на нивните мундијалски амбиции. Германија победи со 1:0 со голот на Месут Озил и ја потврди фаворитската улога во групата, а распоредот на ѕвездите им беше наклонет  и на „Црните ѕвезди“, Австралија ја победи Србија, резултат кој ја овдеде и Гана во вториот круг! Жрепката сакаше историјата да се повтори, двете селекции да се судрат и на светското првенство во Бразил.

Последен пат играа на светското првенство во Јужна Африка. На „Р,тот на добра надеж“ фудбалерите на Германија и Гана допатуваа со убавите желби дека  Јоханезбург нема да биде крајот на нивните мундијалски амбиции. Германија победи со 1:0 со голот на Месут Озил и ја потврди фаворитската улога во групата, а распоредот на ѕвездите им беше наклонет  и на „Црните ѕвезди“, Австралија ја победи Србија, резултат кој ја овдеде и Гана во вториот круг! Жрепката сакаше историјата да се повтори, двете селекции да се судрат и на светското првенство во Бразил. Форталеза е местото на новиот двобој.

Одново ќе биде веројатно решавачки за Африканците. Бидејќи, Германија направи голем исчекор со капиталните 4:0 против Португалија, гол разлика која значи сигурност и предност ако дојде до евентуално затворање на бодовен круг во Д групата. Гана ги испушти конците од рака на премиерниот меч со САД, наивно загуби со 2:1 и дојде во ситуација сламката за спас да ја бара против европските гиганти Германија и Португалија! Неспорно е дека еден од најдобрите африкански тимови има капацитет за високи дострели, но ќе може ли да се извлече од канџите на депримирачкиот премиерен пораз против забревтаните Германци, кои со разурнувачка сила влегоа во мундијалските искушенија! Германскиот селектор Јоаким Лев не крие дека сака да ја достигне славата на тренерите, свои претходници со големи титули: Сеп Хербергер, Хелмут Шен, Франц Бекенбауер...!

Германија 18 години мечтае за нова, блескава круна уште од далечната 1996 година кога на Вембли последен пат стана европски првак! Во пресрет на вечерашниот натпревар германскиот стратег е соочен со повредата на дефанзивецот Хумелс и со дилемата на кој начин да го пополлни неговото отсуство. Гана ќе мора да влезе во голем  стратешки ризик, со оглед на тоа дека победа против Германија е единствениот гарант за останување во игра. Во бескомпромисното надигрување после неполни четири години одново ќе удри „брат на брат“! Полубраќата Боатенг, „Германецот“ Џером во дресот на Германија, против Кевин-Принс со грбот на Гана! Во Јоханезбург поуспешен беше Џером, вечер во Форталеза во втората братска пресметка влегуваат со надеж дека одново ќе им бидат наклонети ѕвездите и дека на  крајот од групната фаза  двајцата ќе останат на предизвикувачкиот мундијалски пат!