МВР

Приведен бегалец од затвор во Гостивар

21.04.2024 13:52

Полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Н.(35) од Струга, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради бегство

Вчера во 16.40 часот на ул„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Н.(35) од Струга, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за доиздржување на една година и шест месеци од затворската казна.