Коалицијата „Храбро за Македонија“ програмата ја претстави пред скопски Карпош
Коалицијата „Храбро за Македонија“, програмата за парламентарните избори и кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски се претставија пред жителите на скопски Карпош. Нивна цел ќе биде младите да не се иселуваат од земјава, а оние што си заминале да се вратат, Македонија да биде земја со еднакви можности за сите...

Мора да создадеме услови младите да не ни бегаат од државата, мора да создадеме услови да се вратат и тие што заминале, рече кандидатот за претседател од коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски пред жителите на скопски Карпош.
Кандидат за граѓаните
Тој кажа дека претседателските кандидати бегале од дебати. Според него тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата. За себе вели дека е кандидат на граѓаните, а не продолжена рака на партиите. Иако други сметале дека нема да собере потписи за кандидатурата за претседател, тој вели дека не гази на гнила греда и знаел дека граѓаните ќе го поддржат.
Коалициските партнери на „Храбро за Македонија“, како и носителката на листата во ИЕ1 ја претставија својата програма за парламентарните избори.
Според нив, со секои нови избори и со секои нови промени на Уставот, Македонците се поткусуруваат како со монета и ништо не останува од идентитетот, јазикот и гордоста.
Наташа јанчиќ Менковски
