Таравари од коалицијата „Вреди“ побара поддршка од дијаспората во Цирих
Претседателскиот кандидат Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ побара поддршка од дијаспората во Цирих и рече дека е предводник на позитивните промени за Албанците во Македонија. Порача дека земјава е на крстопат, треба да ја зголеми соработката со Приштина, Тирана, Софија и Атина...

Нема важен процес во историјата на Албанците во Македонија каде што дијаспората не била главен катализатор. Многу едноставно ќе го земам за пример Гостивар. Не би имал можност да победам на изборите во Гостивар во 2017 и 2021 година да не беше дијаспората. Затоа е важно и во овој изборен процес да имаме поддршка од дијаспората на 24-ти април и 8-ми мај, рече Таравари на средба со иселениците во Цирих.
Истакна дека Македонија треба да се погрижи да го олесни инвестирањето на иселениците и да ги олесни процедурите за лични документи.
„Ако мислите дека треба да не поддржите, кој не може да дојде, барем телефонски да се јави, половина збор за да ја поддржи промената. Албанците гласале за промени од 2011-та година, но опозицијата не била обединета, додека сега коалицијата „Вреди“, е пообединета од кога било и поодлучна да донесе промени“, изјави Арбен Таравари-кандидат за претседател од коалицијата „Вреди“.
Да се спречи злото и да се гради иднина
Лидерот на движењето „Беса“ и носител на листа за парламентарните избори во ИЕ 6, Билал Касами, изјави дека се приклучил на коалицијата „Вреди“ за да го спречи злото и да ја гради иднината.
„Денеска се обединивме да ви кажеме дека е дојдено нивното време да ви кажеме дека сега како што се обединети треба да одат во опозиција. Тоа ќе се случи со гласање број 6. Сите знаат дека функционерите на ДУИ и нивните коалициски партнери со пари на граѓаните не градат стадиони, спортски клубови и академии, туку градат лични вили во заливот Лалзи и на секој дел од крајбрежјето. Промената што доаѓа, особено со масовна поддршка на дијаспората, не можат да ја спречат оние кои работат за Белград и Вучиќ“, изјави Билал Касами-носител на листа во ИЕ 6.
Касами од Швајцарија, рече дека иселениците носат над 1 милијарда евра во Македонија и не треба да чекаат 8 часа на граница.
Ирина Гелевска
