Османи посети неколку села во тетовскиот регион
Кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“ Бујар Османи посети неколку села во тетовскиот регион. Ја претстави неговата програма за претседател и за крстосницата во која се наоѓа државата што соодветствува со историската важност на неговата кандидатура. Кандидатот на листата на пратеници од „Европскиот фронт“ Мендух Тачи, порача дека како коалиција се за добро владеење, еднаквост и кохезија на етничките заедници.

Кандидатот за претседател на Македонија од „Европскиот фронт“ Бујар Османи ги посетите тетовските села Бозовце, Вешала, Бродец, Шипковица, Лисец, Гајре и разговараше со жителите на овие села за неговата програма како претседател и за крстосницата на која се наоѓа државата, што соодветствува со историската важност на неговата кандидатура за претседател. Османи, нагласувајќи дека е кандидат на „Европскиот фронт“, односно на девет политички партии и четири заедници, кои вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Македонија, Албанци, Турци, Бошњаци и Роми, додаде дека овој пат шансите се многу сериозни да помине како кандидат Албанец во вториот круг. Земајќи предвид дека гласовите ќе бидат распределени на 5 кандидати, секој силен на свој начин, тоа му дава предност да оди во вториот круг. Османи им се заблагодари на сите жители за поддршката и додаде дека нивниот глас на 24 април ќе ја одреди судбината на изборите на 8 мај.
„Но, ова бара мобилизација, затоа нема место кое не сум го посетил. И најголемата порака што можеме да ја пратиме е дека сега сме држава на два народа, кои се натпреваруваат во вториот круг за претседател, еден Македонец, еден Албанец. Ова е историска порака. Затоа ве замолувам да се мобилизирате, да овозможите да се пробие оваа бариера, бидејќи се создава еуфорија, а еуфоријата е како лавина од снег што собира се пред себе. Затоа ве повикуваме, за да ја оствариме оваа историска победа, да одиме во вториот круг“, изјави Бујар Османи, кандидат за претседател од Европскиот фронт.
Добро владеење, еднаквост, консензус и кохезија на етничките заедници
Кандидатот на листата на пратеници од „Европскиот фронт“, Мендух Тачи порача дека како коалиција се за добро владеење, еднаквост, консензус и кохезија на етничките заедници, за владеење на правото и правдата и за борба со корупцијата и организираниот криминал. Професионална администрација и дигитализација на јавните услуги и за безбедност и ред.
„Ние сме членка на НАТО и на овие избори со мобилизација како албански народ ќе покажеме дека сме дефинитивно со нашите партнери. Македонската опозиција бара фер одговор. Мора да ги обединиме сите прогресивни сили за да работиме и да ја промовираме европската интеграција, да одобриме технички уставни амандмани и да отвориме преговарачки поглавја. Ова е од големо значење за стабилноста, безбедноста, економијата и младите. За функционална демократија добро владеење само така ќе го спречиме заминувањето на младите и ќе ги вратиме оние кои заминале“, изјави Мендух Тачи, кандидат за пратеник на Европскиот фронт.
Единство за да можат да ги реализираат целите
Од „Европскиот фронт“ побараа поддршка, единство за да можат да ги реализираат целите што ги за почнале, а целите се добри, намерата е добра: да се создаде полесен живот, подобар живот, да се задржат луѓето овде, да се донесе Европа овде а не да се замине таму, за да ја постигнат таа цел, повикуваат в среда да се мобилизираат. Од „Европскиот фронт“ посочија дека за жал се соочуваме и со голема закана од национализмот, кој е во постојан раст и се надеваат дека овој голем европски фронт ќе стане силен штит кон тој национализам и ќе изгради мост што ќе води до Брисел.
Игор Панов
