МВР

Приведен дилер за издржување казна затвор од две години

21.04.2024 18:08

Полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле А.А.(39) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело...

Вчера во 17.40 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле А.А.(39) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.