Како се работи во Центарот за информирање и командa- 192?

21.06.2014 16:41

Со службите на терен се воспоставува радиокомуникација преку тетра системот и преку телефонија. На повикот се одговара експресно...

„Откако ќе се обратат на нашата линија, нашиот центар го прифаќа тој повик и на соодветната локација испраќаме служби за давање на соодветна помош“, вели Зоран Јовановски – началник на Центар за информирање и командување – СВР Скопје.

Се добива повик- на улица Пролет Голф 6 прегазил детенце. Испратена е брза помош. За неколку минути и ние пристигнавме на местото. Момчето веќе беше однесено во градската болница, со лесни телесни повреди.

Веднаш по пријавата дека има прегазен пешак, полицијата излезе на терен и направи увид на лице место.

Граѓаните пријавуваат кога им е загрозен животот, но и кога забележуваат  девијантни појави.

„Нарушени семејни односи, нарушени меѓусоседски односи, како и гласна музика, исто и алкохолизирани лица. Исто така се пријавуваат и останатите нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем, како тепачки, физички напади, разни недолични и непристојни однесувања и нормално крминалот“, изјави Билјана Сарагинова- Панчевска, самостоен инспектор – раководител.

На 192 не се ретки и лажните повици. Има јавувања од забава, но и збунувачки. За тоа се сносат и санкции.

„Секој момент кој операторот  на 192 го одвојува за разговор со некој кој се јавува од разонода и пријавува лажно е скапоцен во споредба ако на некој му треба вистинската помош“, вели Горан Миленковски – главен инспектор- супервизор во ЦИК-СВР Скопје.

Центарот за информирање и командување е во постојана комуникација со МВР, со брзата помош, ургентните центри, противпожарната служба, ЦУК и генералшатбот на АРМ.

Наташа Гркова-Петрушевска