ИЗРАЕЛ

Офанзивата продолжува, одобрени се плановите на израелската армија

22.04.2024 08:37

Силите се распоредени по целата должина на границите поради одбележувањето на празникот Пасха...

Офанзивата продолжува, а војската постигнува напредок заедно со другите цели на војната, тврди одбраната на Израел. Силите се распоредени по целата должина на границите поради одбележувањето на празникот Пасха.
 

„Началникот на Генералштабот ги одобри плановите за продолжување на борбите, плановите се претставени, одлуките ќе бидат донесени. Наша работа е да продолжиме да го разбиваме Хамас и да направиме се за да ги вратиме заложниците и напредуваме во ова заедно со другите цели на војната“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.

Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и натаму се во ќорсокак. Сите предлози за ослободување заложниците беа целосно отфрлени, вели премиерот Нетанјаху. Шефот на политичкото биро на Хамас, по средбата со турскиот претседател Ердоган, изјави дека би сакал да ги види Египет, Катар, ООН, Русија, Турција и во иднина САД меѓу безбедносните гаранти на Појасот Газа, но дека Израел е против тоа.