УКРАИНА
Киев и Москва со меѓусебни напади
22.04.2024 08:44
Руски напади се регистрирани во неколку области на Украина, тврди Киев. Регионот Одеса бил погоден со балистички ракети...

Украинската армија соопшти дека во напад во Севастопол оштетила руски спасувачки брод кој служел во седиштето на Московската Црноморска флота. Руски напади се регистрирани во неколку области на Украина, тврди Киев. Регионот Одеса бил погоден со балистички ракети.
Руската армија нападнала и во регионот на Доњецк, а во Херсон фрлила две воздушни бомби.
