КОСОВО
Пропадна референдумот за смена на градоначалници во Косово
22.04.2024 08:52
На гласањето на референдумот во општините населени со мнозинско српско население излегоа мал број граѓани откако Српска листа претходно повика на бојкот...

Централната изборна комисија на Косово соопшти дека не успеа иницијативата за разрешување на градоначалниците во четирите општини на северот. На гласањето на референдумот во општините населени со мнозинско српско население излегоа мал број граѓани откако Српска листа претходно повика на бојкот. Според законот, не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.
Референдумот се одржа откако на минатогодишните избори, српското малцинство го бојкотираше процесот и не и призна избраните градоначалници-етнички Албанци.
