ЕКВАДОР

На референдум во Еквадор изгласани мерките за борба против криминалните банди

22.04.2024 09:04

Изгласаните мерки меѓу другото опфаќаат и вклучување на војската во борбата против бандите и продолжување на затворските казни за осудените трговци со дрога...

На референдумот во Еквадор граѓаните со големо мнозинство се изјаснија за заострување на безбедносните мерки поради зголеменото насилство од криминалните групи. Изгласаните мерки меѓу другото опфаќаат и вклучување на војската во борбата против бандите и продолжување на затворските казни за осудените трговци со дрога.

Минатата година, стапката на убиства во Еквадор достигна 40 смртни случаи на сто илјади луѓе, што е една од највисоките во регионот на Јужна Америка.