Претставена програмата за годинешниот Пивофест во Прилеп
Во пивото е забавата- е дел од слоганот на годинашната манифестација Пивофест во Прилеп што ќе се одржи во средината на јули. Ќе има многу новини кои ќе привлечат уште поголем број посетители...

Тони Цетински, Жељко Самарџиќ, Емина Јаховиќ, Јелена Розга, Игор Џамбазов, „Хладно Пиво“, се само дел од ѕвездите кои оваа година ќе настапат на 12-тиот по ред Пиво фест во Прилеп, кој ќе трае од 17 до 21 јули. Водител ќе биде мегапопуларниот Игор Џамбазов, кој во свој препознатлив стил го најави Пиво фестот со слоганот : „Во виното е вистината, во ракијата глупоста, а во пивото забавата“.
„4.000 години пред нашата ера старите Вавилонци познавале 16 видови на пиво, до пред Пиво фест во Македонија имаше само два вида пиво, топло и ладно, истакна Игор Џамбазов, водител на Пиво фест.
Ќе има многу видови пиво и секако највкусната скара во Македонија.
„Голем дел луѓето не доаѓаат само за музиката и ѕвездите, туку за севкупната позитивна атмосфера која ја има во Прилеп во тие 4 денови, доаѓаат за целиот тој спектакл кој го носи фестивалот“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Годинава и двете наши најголеми пивари и скопската и прилепската славатјубилеј 90 години.
„Ќе понудиме доволни количини од најдоброто пиво кое ќе го послужиме на совршен начин во иделани услови“, рече претставникот на Скопска пивара.
„Пиво фест прерасна во еден настан кој ги надминува границите на Македонија и секоја година програмата е се поатрактивна“, кажа претставникот на Прилепска пиварница.
Се најавува дека годинава бината и озвучувањето кои ќе бидат поставени ќе бидат најголеми досега во историјата на Македонија.
Дарко Штаргоски