Северна Кореја

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонско Море

22.04.2024 09:07

Северна Кореја истрела балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска. Проектилот бил лансиран кон Јапонско Море...

Северна Кореја истрела балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска. Проектилот бил лансиран кон Јапонско Море.

Ова е втор тест во само три дена откако викендов Пјонгјанг тестираше боева глава со крстосувачка и противвоздушна ракета. Во последните неколку месеци повторно дојде до зголемување на тензиите на Корејскиот полуостров.

Наспроти конфликтот околу севернокорејската нуклеарна програма и како одговор на повеќекратните ракетни тестови, САД и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка.