Ванковска: Левица ќе им го врати достоинството на граѓаните
Ванковска на централниот митинг во Скопје порача дека ќе влезе во вториот круг од изборите и ако стане претседател ќе ја направи долгоочекуваната промена...

Претседателскиот кандидат од Левица, Билјана Ванковска на централниот митинг во Скопје порача дека ќе влезе во вториот круг од изборите и ако стане претседател ќе ја направи долгоочекуваната промена.
Рече дека за разлика од нејзините противкандидати, само таа нуди нешто поразлично за граѓаните. Левица ќе им го врати достоинството на граѓаните изменувајќи ги сите штетни закони и договори што ја ставија државата во подредена положба, вели Ванковска.
Очекувања за двоцифрена пратеничка група
Кандидатите за пратеници од листата на Левица се убедени дека на овие парламентарни избори Левица ќе има двоцифрена пратеничка група во Собранието.
Како автентична партија, Левица во програмата за овие парламентарни избори нуди социјална правда, работнички права и политичка економија, плански капитални инвестиции, бесплатно образование за сите и меѓуетничка интеграција, рекоа од партијата.
Ирина Гелевска
