Трета масовна средба на лицата со телесен инвалидитет

21.06.2014 16:55

Под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, се одржа третата масовна средба во природа на лицата со телесен инвалидитет од Македонија. Организаторот, Националниот Сојуз „Мобилност“ Македонија испрати порака- „организирани и обединети имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството, за еднаквост на сите граѓани“.

Телесните инвалиди од 17 градови во државата на достоинствен начин потсетија дека право и обврска на општеството кон нив е да им обезбеди соодветни услови и поголема мобилност во иднина.

Целта на оваа масовна средба во природа е да се промовираат правата на лицата со телесен инвалидитет и целосно да се интегрираат во општеството.

Јасмина Никова