Јакимовски: Да се стави крај на дивеењето на извршителите
Кандидатот за претседател од ГРОМ, Стевчо Јакимовски на средба со жителите на Шутка. Вети, дека ќе се залага за спроведување на Законот за извршители. Јакимовски ја продолжува кампањата и денес во повеќе скопски општини...

Кандидатот за претседател од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, порача дека време е да се стави крај на, како што вели, дивеењето на извршителите кои го осакатувале најсиромашниот слој во државата. Посочува дека за долг од две до три илјади денари, се зголемил на 15 илјади и повеќе. Според него, доколку не се почитува, во опасност се 83 илјади семејства со ниски примања. Пред жители на Шутка, Јакимовски вети дека ќе се залага за спроведување на Законот за извршители.
Подобра инвестициска клима во земјата
Коалицијата „Храбро за Македонија“ имаше средби и со жители од Кичево, каде ја претставија програмата за претстојните парламентарни избори.
Јакимовски ја продолжува кампањата и денес во повеќе скопски општини, претставувајќи ја кампањата. Меѓу адутите е и обновување на врските со нашата дијаспора, како и подобра инвестициска клима во земјата.
Наташа Гркова – Петрушевска
