Пендаровски: Сега е време за повеќе и подобро
Карванот на претседателскиот кандидат на коалицијата за Европска иднина, предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска е во Демир Хисар, Ресен и во Битола. Тој од централниот митинг во Скопје порача дека граѓаните знаат да препознаат, чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме...

Наместо предлози за подобро утре на граѓаните и на државата, најголемата опозициска партија ги рециклираше истите политички решенија кои ја донесоа државата во статус на изолирана и заробена, со власт која монтираше политички процеси и земја во која имаше политички затвореници, порача на митингот во Скопје претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Тој упати критики до Силјановска-Давкова и до Мицкоски дека пред странските дипломати ветуваат подготвеност за деблокада на уставните промени, а продолжуваат и натаму да го убедуваат народот дека нема да гласаат за промените во преамбулата под бугарски диктат. Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни ветувања, во 30 години независност убеден сум дека граѓаните знаат да препознаат чија програма е реална, рече Пендаровски.
1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци
Кандидатите за пратеници од редовите на социјалдемократите со ветување дека во наредниот мандат ќе обезбедат 1, 35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци, наменети за модернизација, поголеми приноси, подобар квалитет и за извоз на македонското земјоделство. Носителот во петата изборна единица Јован Митрески вели дека се планирани 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра за капитални инвестиции и проекти за рурален развој.
Нови субвенции за тутунопроизводителите
Тутунарите во фокусот на програмата и на носителот во четвртата изборна единица. Венко Филипче најавува дополнителна субвенција од 20 денари по килограм на откупен тутун доколку родот е помал од 15.000 тони по реколта.
Сите мерки наменети за тутунарите се направени во соработка со откупувачите и производителите при што направени се историски чекори за зголемување на откупните цени на тутунот, вели носителот во четворката Венко Филипче.
Викторија Милевска
