Расте бројот на заразени од голема кашлица
Во однос на претходниот месец февруари 2024, се регистрира зголемување на бројот на заболени лица од голема кашлица за 99,2%...

Сепак, според извештајот на Институтот за јавно здравје, во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 825 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 57,7%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 58,5%. Во однос на претходниот месец февруари 2024, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 24,8%.
На второ место по број на пријавени заболени во месец март е големата кашлица, со 239 случаи. Во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 16,7%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 17,0%. Во однос на претходниот месец февруари 2024, се регистрира зголемување на бројот на заболени лица од голема кашлица за 99,2%.
