АФПЗРР: Исплатени дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци и кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.
Висината на директните плаќања е 2.600 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
По овие основи со финансиска поддршка се стекнаа 4.033 одгледувачи на говеда за кои се исплатени 100 милиони денари.
Фото: Архива
