Полска

Дуда: Полска е подготвена да прифати нуклеарно оружје на нејзина територија

22.04.2024 14:03

Полска е подготвена да прифати нуклеарно оружје, доколку НАТО реши да го распореди како одговор на руското вооружување на Белорусија и Калининград, изјави полскиот претседател Дуда...

Полска е подготвена да прифати нуклеарно оружје, доколку НАТО реши да го распореди како одговор на руското вооружување на Белорусија и Калининград, изјави полскиот претседател Дуда.

Тој додаде дека веќе некое време се разговара за нуклеарна соработка помеѓу Полска и САД и зајакнување на источното крило на алијансата.

Од Кремљ велат дека ја анализираат ситуацијата и ќе ги преземат неопходните мерки за својата безбедност. Изминатата година, рускиот претседател Путин потврди дека Москва ќе испрати тактичко нуклеарно оружје во Минск.