Лиценцирани спасители на струшките плажи

21.06.2014 17:06

Тринаесет спасители на вода од Црвениот крст и ова лето ќе ги чуваат струшките плажи. Тие се единствените лиценцирани спасители кои придонесоа изминатите три сезони да минат мирно, а концесионерите со сигурност да планираат забави на плажите...

Од први јули почнува официјалниот ангажман на спасителите на струшките плажи. Нивното присуство значи голема сигурност за туристите без оглед какви пливачи се. Тоа го потврдуваат и минатогодишните податоци кои говорат за мирна сезона, без несакани инциденти.

Минатата година беше релативно мирна за нас спасителите, немаше некој поголем инцидент само неколку помали интервенции на плажите, вели Тодор Јанкуловски, координатор на спасителите на плажи на струшкиот Црвен крст.

Црвениот крст на Република Македонија е единствената надлежна институција да издава лиценци за спасители  во  нашата држава.  Договорите   за обука  на  спасителите  треба да се потпишат до 1 Јули.

Црвен крст на Општина Струга ги покрива сите трошоци направени и сите заинтересирани спасители можат бесплатно да се пријават и да го посетуваат курсот, а откако ќе добијат лиценца за спасители имаат обврска со нас да потпишат тригодишен договор со што ќе работаат како спасители на Црвен крст, објаснува Дуриме Даути од струшкиот Црвен Крст.
 

Од Цевениот крст на Струга со апел до концесионерите на плажите-од 1-ви Јули да имаат потпишано договор за спасители со оваа организација. Обврската е дотолку посериозна што на овој дел од Охридското Езеро безбедноста на капачите често ја нарушуваат несовесните управувачи со пловни возила, покажувајќи ја нивната моќност, без запазување на потребната оддалеченост од брегот.
 

Јованчо Наумоски