Култура

Мултимедијална изложба „Тркало на времето“ во Чифте амам

22.04.2024 15:21

Со оваа изложба се најавува дека Италија е земја во фокусот на Остен- биенале Скопје 2024 и истата се организира со партнери од Зеринтија-асоцијација за современа уметност од Италија...

Во вторник на 23 април во НГМ – Чифте амам во 19 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Тркало на времето“ од исклучителниот италијански уметник Марко Бањоли.

Со оваа изложба се најавува дека Италија е земја во фокусот на Остен- биенале Скопје 2024 и истата се организира со партнери од Зеринтија-асоцијација за современа уметност од Италија, а со поддршка на Италијанската амбасада и Италијански институт за култура од Белград.