Движењето „Знам“ програмата ја претстави во струмичко
Кампањата ја продолжи и кандидатот за претседател Максим Димитриевски и неговата партија, движењето „Знам“, коешто учествува на парламентарните избори. Тие се во струмичкиот крај. Димитриевски вели дека „Манифестот за Македонија“ ќе донесе силни институции за заштита на граѓанинот и државата.

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски од движењето „Знам“ на последниот ден од кампањата пред првиот круг ја претстави визијата за развој на Македонија во струмичко. Тој ги осуди барањата на Европскиот фронт кој според него, само предизвикуваат делби на граѓаните по етнички линии.
Зголемување на платите на докторите
Движењето „Знам“ во својата изборна програма ќе предложи зголемување на платите на докторите за 20 насто, а за 50 насто на примањата на медицинските сестри. Партијата се залага за реформирано здравство во кое граѓаните ќе добиваат поквалитетни услуги.
Движењето „Знам“ ќе учествува со свои пратеници во шест изборни единици.
Игор Панов
