Груевски: ПЕТ центарот готов во февруари

21.06.2014 17:12

Овој Центар е исклучително важен сегмент во здравството, а во неговата изградба со свои совети учествува и меѓународната агенција за атомска енергија...

Премиерот Никола Груевски денеска во надзор на изградбата на исклучително важниот објект каде ќе биде сместен ПЕТ центарот. Овде од февруари следната година со современа апаратура ќе се врши дијагностицирање и пртонаоѓање на  малигните клетки вклучувајќи ги и метастазираните.

Овој Центар е исклучително важен сегмент во здравството, а во неговата изградба со свои совети учествува и меѓународната агенција за атомска енергија.

Изградбата на центарот и набавката на опремата чинат околу 14 милиони евра. Објектот се очекува да профункционира во февруари следната година.  

А започнува процедурата за набака на поливалентните вакцини. Вакцините ќе помогнат затоа што ќе се намали бројот на боцкање на деца до 2 годишна возраст од 13 на седум. Ќе се намали бројот на сите компликации што понекогаш се јавуваат при вакцинирањето – рече премиерот Груевски.

За набавката на овие вакцини, како што посочи премиерот, државата ќе вложи 380 милони денари, а истите треба да пристигнат во вториот квартал следната година.