Здравство

Превирања на Токсикологија, вработените контра директорката

22.04.2024 16:46

Превирања на Токсикологија. Лекарскиот колегиум се пожали на некооперативност од новата директорка, и посочи дека е оневозможено функционирање на лабораторијата на клиниката поради недостиг од кадар. Министерот Меџити побарал инспекциите да извршат проверка. Тој најави разрешување на медицинскиот директор, но, не и на посочената организациска директорка Бесија Иљази, за која немал замерки.

Расте револтот кај вработените на Клиниката за токсикологија. Лекарите обвинија дека в.д. директорка Бесија Иљази не сака да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар и упорно ги туркала 18-темина на кои лани им завршиле договорите.

Откако ги повика новинарите, директорката рече само „здраво на сите“ и почна да зборува на албански јазик. Кога новинарите ја прашаа дали ќе се обрати на македонски, таа кратко кажа „Не“.

Министерот за здравство, пак, Илир Демири, рече дека немал замерки за работењето на директорката и најави разрешување на медицинскиот директор д-р Данил Петровски. Тој побарал инспекциите да извршат проверки.

Вработените во Токсикологија алармираат и дека од назначувањето на директорката, долгот на Клиниката за помалку од 2 месеца пораснал близу 2 милиона денари.

 

Борис Грујоски