САД
Почна судењето за прикриените исплати на Доналд Трамп
22.04.2024 19:10
Прво од четирите обвиненија против него во пресрет на претседателските избори на 5-ти ноември.

Во њујоршката судница почна историското судење за прикриените исплати на Доналд Трамп. Прво од четирите обвиненија против него во пресрет на претседателските избори на 5 ноември.
Пресудата нема да го дисквалификува од преземањето на функцијата, но може да и наштети на неговата кандидатура. Трамп се изјасни за невин, процесот го нарече политички мотивиран.
