временска прогноза

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

23.04.2024 07:55

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м2) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и во делови од регионот проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.