Во Основен суд Струга продолжува судењето за родилката од Дебар
На последното рочиште во февруари годинава по барање на одбраната беше презентирано ново вештачење, кое беше контрадикторно со првото вештачење на судска медицина...

Во Основниот суд Струга Денеска продолжува судењето за родилката од Дебар, која при породување во 2020-та година во струшката болница, остана без три органи бубрег, јајници и матка. На последното рочиште во февруари годинава по барање на одбраната беше презентирано ново вештачење, кое беше контрадикторно со првото вештачење на судска медицина.
Денеска се очекува да има распит на судските вештаци. Доколку не се усогласат двете вештачења, судот може да побара и супер вештачење, што дополнително ќе го развлече судскиот процес.
Според обвинението, првообвинетиот Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата Лилјана Јованоска, лекар-гинеколог акушер се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето и примена на неподобни средства при лекување.
