САД: Војната во Газа ги наруши човековите права
Државниот секретар Блинкен најави дека САД не применуваат двојни стандарди во својата политика во однос на Израел...

Војната во Појасот Газа значително ги наруши човековите права-објавен годишниот извештај на американскиот Стејт департмент. Државниот секретар Блинкен најави дека САД не применуваат двојни стандарди во својата политика во однос на Израел.
„Додека ги разгледуваме човековите права и состојбата на човековите права низ светот, го применуваме истиот стандард за сите. Тоа не се менува дали земјата за која станува збор е противник, конкурент, пријател или сојузник“, изјави Антони Блинкен, државен секретар на САД.
Од масовната гробница во Кан Јунис се ексхумирани речиси 300 тела. Тел Авив ги критикуваше плановите на САД за санкционирање на израелска воена единица за наводно кршење на човековите права на западниот брег. ООН предупредуваат дека здравствениот систем во Газа е целосно уништен, а помошта одложена. Израелските власти најавија дека ќе ја прошират хуманитарната зона пред стартот на офанзивата во Рафах. Во меѓувреме, ЕУ ги проширува санкциите за иранските производители на дронови и проектили.
