Воздушна тревога низ речиси целата територија на Украина
Русија удри од Крим и Доњецк. Нападот доаѓа по уништувањето на ТВ-кулата во украински Харков во која беа сместени комуникациските системи за противвоздушната одбрана на украинската армија...

Прогласена воздушна тревога низ речиси целата територија на Украина. Русија удри од Крим и Доњецк. Нападот доаѓа по уништувањето на ТВ-кулата во украински Харков во која беа сместени комуникациските системи за противвоздушната одбрана на украинската армија. За Зеленски-ударот е „заплашување“ и обид за ограничување на градските комуникации. Ја повтори итната потреба од противвоздушна одбрана.
„Четирите приоритети се клучни: заштита на небото, модерна артилерија, способност за долг дострел и обезбедување на американските пакети за поддршка што е можно побрзо“, изјави Володимир Зеленски претседател на Украина.
За Москва-тоа нема да ја измени динамиката на руската одбрана туку само ќе доведе во нови жртви меѓу Украинците.
„Руските вооружени сили ги подобруваат своите позиции и динамиката. Тоа им е апсолутно јасно на сите. И секако, овие издвоени пари, оружјето што ќе биде испорачано нема да доведе до промена на динамиката, единствено ќе доведат до нови жртви меѓу Украинците“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
