Тајван
Нова серија земјотреси во Тајван
23.04.2024 08:24
Најсилниот, со јачина од 6,3 степен по Рихтер го погоди округот Хуалиен на истокот од земјата...

Нова серија земјотреси го потресоа Тајван. Најсилниот, со јачина од 6,3 степен по Рихтер го погоди округот Хуалиен на истокот од земјата. Засега нема информации за жртви, а пријавени се помали оштетувања на објекти.
Во Тајван се регистрирани стотици последователни потреси по разорниот земјотрес минатиот месец од 7,2 степени, во кој загинаа 13 луѓе, а над илјада беа повредени.
