Избори 2024

Молк пред утрешните претседателски избори

23.04.2024 09:07

На претседателските избори 2024 година граѓаните ќе можат да избираат меѓу седуммина кандидати...

Од ноќеска на полноќ почна изборниот молк за претседателските избори и ќе трае до утре до 19 часот до затворање на гласачките места. На претседателските избори 2024 година граѓаните ќе можат да избираат меѓу седуммина кандидати.

Овие претседателски избори се поклопуваат со избор на пратеници, па кампањата за парламентарните кои треба да се одржат на 8-ми мај, продолжува. За парламентарните избори граѓаните ќе можат да избираат од 17-те коалиции и партии за новиот 120-член парламентарен состав.

И на овие парламентарни избори нема претставник од 7-та изборна единица, односно од дијаспората, бидејќи немаше доволен број македонски државјани кои се пријавија за гласање.