Македонија

Награди на СЕММ за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

23.04.2024 09:11

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ќе ги додели наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“, објавени во периодот мај 2023 – април 2024...

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ќе ги додели наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“, објавени во периодот мај 2023 – април 2024.

Наградите се во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: поддршка на новинарството како општо добро“ поддржан од УНЕСКО и Европската Унија.

СЕММ, во соработка со УНЕСКО, ги доделува наградите во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај, што годинава е посветен на важноста на новинарството и слободата на изразување во контекст на актуелната глобална еколошка криза.

На доделувањето на наградите најавени се обраќања на шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, Билјана Георгиевска – извршна директорка на СЕММ и Џошуа Масаренти – регионален проектен координатор на УНЕСКО, со седиште во Сараево.

Во рамки на настанот, како што информира СЕММ, ќе биде промовиран и Прирачник за едукатори по новинарство – „Известување за вештачка интелигенција“, издание на УНЕСКО, преведено на македонски и на албански јазик.