Тркалезна маса за одржлива иднина со зелени иновации во рамки на меѓународниот проект „Гриновет“
Тркалезна маса на тема „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“ организира денеска Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), која е дел од меѓународниот проект „Гриновет“ (Greenovet)...

Тркалезна маса на тема „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“ организира денеска Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), која е дел од меѓународниот проект „Гриновет“ (Greenovet).
Во овој проект се вклучени 18 европски партнери и е кофинансиран од образовната програма на ЕУ Еразмус+.
Како што соопшти ССКМ, ќе бидат презентирани достигнувањата во областа и споделени искуства од бизнис-секторот, во насока на придобивките од воведување зелени иновации и енергетски ефикасни системи.
Проектот го поттикнува развојот на стручното образование и обука во областа на зелените иновации низ Европа, преку основање центри за извонредност во стручното образование и обука, со што се овозможува иновативна, инклузивна и одржлива економија.
Во проектот „Гриновет“ од нашата земја се вклучени Машинскиот факултет од Скопје, Сојузот на стопански комори на Македонија, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење, „Раде Кончар ТЕП“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“, како и уште 13 партнери од Австрија, Португалија и од Финска.
